Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Иран е одговорен за „убиствата на Украинците“ откако Русија во понеделникот ги нападна украинските градови со, како што рече Киев, беспилотни летала од Иран.
Украина извести за серија руски напади со помош на беспилотни летала Шахед-136 од иранско производство во последните недели. Иран негира дека и испорачувал дронови на Русија, додека Кремљ не коментира.
– Иран е одговорен за убиствата на Украинците. Земја која го угнетува сопствениот народ сега им дава оружје на чудовиштата за масовни убиства во срцето на Европа. Тоа значи незавршена работа и отстапки кон тоталитаризмот – напиша Михаило Подољак на Твитер.