ЕУ со дополнителна половина милијарда евра помош за Украина

Денеска во Луксембург ќе се сретнат министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, а на дневен ред ќе биде одобрување на нов пакет воена помош за Украина, пренесува агенцијата „Хина“.

Станува збор за сума од 500 милиони евра, со што вкупниот износ на средства потрошени за воена помош за Украинците ќе се зголеми на 3,1 милијарди евра од февруари, кога започна руската инвазија.

Министрите ќе треба официјално да ја одобрат иницијативата, веќе поддржана од амбасадорите на ЕУ, за испраќање воена мисија за обука на украинските војници.

Шефот за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, неодамна побара повеќе средства за испорака на оружје и друга воена опрема на Украинците.