196 казнети возачи во Скопје, 49 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 40 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.