Вјоса Османи- претседателката на Косово вели дека претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган може да го убеди Александар Вучиќ да ја признае независноста на Косово.
Во интервју за TRT World кое синоќа го пренесе на нејзината официјална страница на Фејсбук, таа го покани Ердоган да го посети Косово.
„Јас верувам дека турскиот претеседател, Ердоган може да има мошне значајна улога во убедувањето на Вучиќ дека единствениот пат за обезбедување долгорочна стабилност во Западен Балкан е признавањето на косовската независност од страна на Србија“ – рече Османи.
Дијалогот меѓу Косово и Србија се одвива со посредство на Европската унија, а Османи нагласи дека Србија не почитува низа од договорите кои ги потпишала.
„Ердоган може да ги убеди да ги одржат ветувањата“ – изјави Османи.