На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 279 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за возење без возачка дозвола, девет мерки за прекршоци што ги пешаците.
Изречени биле шест мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР. Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.