Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа го повтори својот став дека е невозможно да се преговара со Русија бидејќи нејзиниот тероризам на државно ниво ги оневозможува преговорите.
„Континуираниот тероризам врз цивилното население е очигледно отфрлање на Русија од вистинските преговори, рече Зеленски во видео пораката. „Тероризмот на државно ниво е едно од најтешките меѓународни злосторства” – додаде тој.
Претходно Путин ги обвини украинските разузнавачки служби за нападот на мостот Керч, нарекувајќи го „терористички чин” врз важна инфраструктура.
„Нема сомнеж дека ова е терористички акт чија цел е уништување на исклучително важна руска цивилна инфраструктура“ – рече Путин.