Србија нема да воведе санкции против Русија додека ситуацијата не побара такви мерки. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до нацијата. Вучиќ истакна дека ситуацијата постојано се менува.
„Нема да воведуваме санкции додека штетата што ѝ е нанесена на Србија не стане толку голема што ќе мора да прифатиме поинаква реалност“, објасни Вучиќ.
Тој повтори дека ќе постапува и ќе владее во согласност со интересите на Србија. Српскиот претседател неодамна изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведува санкции против Русија.