Поради саботажа на северот на Германија, железничкиот сообраќај беше во прекин со часови

Поради саботажа на каблите, железничкиот сообраќај утринава бил во прекин три часа во цела северна Германија, изјави портпаролот на компанијата за Франс прес.

Дефектот е предизвикан на радио мрежата за возови ГСМ-Р, која се користи за комуникација со машиновозачите, но и за поширока комуникација меѓу возовите и контролата, наведува весникот Шпигел кој прв објави дека има сомнежи за саботажа, повикувајќи се на безбедносни извори.

Шпигел наведе дека е можно главните кабли да се прекинати на две места. Весникот Билд напиша дека за ова е потребно да се има „одредено знаење“ за железничкиот систем.

Прекинати се врските меѓу Берлин и некои области на запад и север на земјата, како што се Шлезвиг-Холштајн, градовите Хамбург и Брен и Долна Саксонија, како и делови од Северна Рајна-Вестфалија. Во прекин беше и врската Берлин-Амстердам.

Прекините и доцнењата се очекува да продолжат и денеска, иако железничките услуги се обновени, соопшти Дојче Бан.