Србија планира да гради нафтовод и преку С Македонија до Драч

Како што денеска изјави српскиот претседател Вучиќ, Хрватска се покажала како недоверлив партнер.

Нафтоводот Нови Сад-Унгарија до Алџа во должина од 128 км, би чинел и до 100 милиони евра а според Вучиќ ќе бидат потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се изгради.

Планот на Србија е да се гради нафтовод и до Македонија и Албанија.

-Во согласност со договорот што јас и Виктор Орбан веќе го постигнавме, ќе започнеме со изградба на нафтовод Нови Сад – Унгарија, до Алџа, Нашата идеја е да изградиме, ќе почнеме брзи разговори со нашите партнери од Отворен Балкан, нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премережиме нашата земја со нафтовод, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.