Јанев: Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки
„Бугарија е активна членка на НАТО и како таква не може да биде предмет на странски одлуки“. Ова во изјави за БТА го рече министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев. Тој смета дека бугарските политичари мора да научат да дејствуваат како субјект во однос на потребата да се заштити националниот интерес и да се усогласи со заедничкиот интерес на ниво на НАТО.
Јанев го повтори ставот за можното распоредување на дополнителни трупи на НАТО во Бугарија и прецизираше дека изразил личен став во својство на министер за одбрана.
„Ова се уште не е национален став и од оваа гледна точка не треба да се шпекулира дека тоа е официјален став на Бугарија во моментов. Мојот апел е националниот став да биде добро аргументиран, во согласност со националниот интерес и секако во согласност со заедничките интереси на колективната безбедност на НАТО“ – рече Стефан Јанев.