„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

И покрај глобалните предизвици кои ги донесе COVID пандемијата „Брако“ останува стабилен економски фактор во македонската економија континуирано соработувајќи со повеќе од 650 македонски компании како добавувачи на репроматеријали и услуги.

Во период на нарушено функционирање на синџирот „снабдување – производство“, „Брако“ е  сигурна и неопходна алка во истиот и тоа во услови кога многу македонски фирми бележат загуби и се пред тежок предизвик.

Побарувачката од страна на 95% извозно ориентирана компанија директно влијае и на растот и развојот и на останатите домашни компании. А, меѓусебната соработка придонесува, тие да бидат значајни двигатели во вкупниот економски развој на нашата држава.

Кога ниту еден индустриски сектор во светот не е поштеден од ударот на корона кризата „Брако“, конкретно годинава, реализираше годишен обрт од 33,5 милиони евра.

Со своите високо финализирани производи, квалитетен кадар, искуството, примената на „know-how“, инвестирањето во најсовремена технологија, „Брако“ продолжува да биде катализатор на економскиот раст и развој и силен поддржувач на македонската економија.