Во Франција најмногу ковид позитивни во еден ден откако започна пандемијата

Ковид статистиката во Франција покажува дека во еден ден се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број од почетокот на пандемијата.

Агенцијата за јавно здравје информира и дека во последните 24 часа починале 179 лица, а во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица.