Досега во соседна Грција потврдени се 33 случаи на сојот на коронавирус -Омикрон, од кои 18 се на островот Крит.
Тамошните здравствени власти разгледуваат уште стотина сомнителни случаи, за кои претпоставките се дека се од истиот сој.
Заразените, информираат здравствените власти, имаат благи симптоми, а само две лица биле хоспитализирани, но без компликации од вирусот.
Последната ковид статистика во Грција покажува регистрирани 6.667 нови случаи, починато 71 лице.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени над 1 милион позитивни, а битката со вирусот ја загубија над 20.000 лица.