Црногорскиот претседателот – Мило Ѓукановиќ е позитивен на коронавирусот откако имал контакт со лице позитивно на Ковид-19.
„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Согласно епидемиолошките мерки се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски“, соопштија синоќа од неговиот кабинет.
Тој ги откажа сите службени обврски, а во јавните настапи ги почитуваше мерките за сузбивање на коронавирусот, носеше маска и држеше дистанца.
Сите во неговиот Кабинет се вакцинирани против коронавирусот.