Прв случај на омикрон во Србија
Новиот сој на коронавирусот – Омикрон од денеска официјално е потврден и во Србија.
„Новиот вид на коронавирус е потврден кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија. Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен“ изјавија здравствените власти.
Оттаму смируваат дека засега нема причина за паника и дека треба да се следи и контролира ситуацијата.
Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој.
Според прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.