Алпинистката Илина Арсова (40) се сели во САД, вели дека добила стипендија за докторски студии.
Таа на социјалните мрежи сподели дека оваа одлука не била лесна, најмногу поради семејството, но и поради нејзиниот партнер, шоуменот Игор Џамбазов (59).
„За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“ вели Арсова.
Таа не сподели детали за тоа колку долго ќе остане во САД.