Христијан Мицкоски утринава на тв 24 го образложуваше планот за излез од енергетската криза. Тој истакна дека од Владата му порачале да дојде на Енергетскиот совет и да ги пренесе своите идеи.
„Неколкупати побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски и реков дека се ставам на располагање за техничко-технолошка помош и поддршка на законите за енергетика во Собранието. Вчера го повикав и вицепремиерот за економски прашања во седиштето на партијата, но тој ми рече дека Економскиот совет успешно ги решава работите, а ако имам идеи да дојдам и да ги изнесам“ – вели Мицкоски.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако Владата го решава енергетските проблеми како што ги решаваше проблемите со Ковидот, нема да биде добро.
„Јас не сакам ова да се претвори во политикантство и пазар. Ова не е натпревар чија суета е поголема. Се соочуваме со проблем и тоа треба да се реши. Мене ме канат на средба на тело кое ништо досега не решило, па моето одење таму би било губење време“ – вели Мицкоски.
„Не гледам причина зошто би влегол јас во ова сценарио на претварање на целата оваа работа на пазар која што е многу сериозна, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на граѓаните, тогаш подобро и ќе беше да излеземе на тв дебата, зошто таму ние да седиме педесетина луѓе или триесетина кој што и до сега и онака ништо не решиле, тие луѓе кој што беа за ковидот, се дел од тој економски совет и ако така ги решаваше работите како што ги решававме за ковидот , јас навистина не сакам ниту нивното, ниту своето време да го губам и затоа им реков одберете тим, подготвен сум да ви помогнам. Јас не сакам ова да се претвори во политиканство и во пазар, затоа и реков оваа работа треба да се реши, ова не е натпревар на пи-ар стратегија, ова не е натпревар чива суета е поголема. Јас уште на 29 септември побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски, денеска сме 3 октомври, 5 дена потоа, од Димитар Ковачевски сеуште не добив одговор, ме кани Битиќи на тело коешто досега ништо успешно не решило, зошто ова би го решило тоа успешно? – рече Мицкоски.