Кандидатот на СНСД за претседател на Република Српска, Милорад Додик, прогласи победа на општите избори во Босна и Херцеговина.
Додик ја најави и победата на кандидатката на СНСД Жељка Цвијановиќ за српска членка на Претседателството на БиХ.
Тој изјави дека врз основа на 523.326 обработени гласови освоил 274.987 гласови, кандидатот на ПДП Јелена Тривиќ 246.425, а кандидатот на ДНС Радислав Јовиќиќ 1.914 гласа, пренесува „Срна“.
Додик истакна дека е многу горд што бил кандидат за претседател на Републиката и дека сега неговиот избор е дефинитивно потврден.
Тој рече дека Српска го поминала демократскиот тест и покажала дека е зрело општество и дека ќе продолжи да ја води политиката на нејзиниот напредок, развој и зачувување.
„Република Српска го покажа својот демократски капацитет и карактер“, рече Додик и најави дека Српска ќе биде стабилна и ќе води сопствена политика, како и дека ќе ја продолжи соработката со партнерите како Србија, Русија и Унгарија.
Додик истакна дека е против наметнувањата во БиХ и дека тие измени на Изборниот закон на БиХ не важат за Република Српска.
Тој ја повтори својата оценка дека Хрватите биле уништени во изборниот процес во Босна и Херцеговина.
Според Додик, Жељко Комшиќ е, како што изјави, „шега со Хрватите и тој е експонент на муслиманската политика“.