Инцидент денеска околу 13.30 часот се случил во струшкото средно училиште „Ибраим Темо“.
Професорот Е.С. (57) со метален предмет удрил средношколец по главата, по што детето било примено на Хирургија, каде било сошиено, а професорот завршил во полициска станица.
Директорката на училиштето Бесиме Јонузи изјавила дека професорот бил проблематичен подолг период, а таа смета дека расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера.
Дисциплинска комисија во училиштето го суспендирала професорот.
„Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката, па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница“ рече директорката Јунузи.