Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот лидер Таип Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.
Чавушоглу изјави дека Путин ова го кажал во разговорите со турскиот колега на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, кој неодамна се одржа во Самарканд, пренесува Танјуг.
„За време на преговорите со нашиот претседател, Путин ја истакна можноста за враќање на преговорите со Киев, но под нови услови“, рече Чавушоглу во Токио.
Агенциите и медиумите не прецизираа за какви услови станува збор.