Украина откри уште две масовни гробници со тела на стотици луѓе во североисточниот град Изум, кој Киев го презеде од Русија овој месец.
Ова го тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во интервју за Си-Би-Ес, украинскиот лидер повика на континуиран притисок на санкциите врз Русија, објави „Ројтерс“.
Руските власти се уште не го коментирале последното тврдење на Зеленски за откривање на двете масовни гробници.