Со гаранција од над 11 милиони евра Мијалков излегува од притвор

Сашо Мијалков – екс-директорот на УБК излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евро, потврдиле од Апелација за „360 степени“.

Оттаму информираат дека неговата жалба била уважена и решението за притвор било преиначено со прифаќање на гаранцијата.

Новата одлука за Мијалков која ја одредиле апелациските судии се мерки на претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Информациите на „360 степени“ се дека во гаранцијата од над 11 милиони евра се во недвижен и во подвижен имот.

Сашо Мијалков е во притвор за предметот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор.