„За Србија `Отворен Балкан` е подобро решение од евроинтеграции“

„За Србија, иницијативата `Отворен Балкан` е подобро решение од евроинтеграциите, бидејќи не би морала да се откаже од врските со Русија и Кина“. Ова е оценката на политичкиот аналитичар – Драгомир Анѓелковиќ. Тој изјави дека „Отворен Балкан“ како принудно решение поради застојот во евроинтеграциите, и дава можност на Србија да се поврзе со регионот, максимално да соработува со Европската Унија, но и да ги задржи стратешките економски и геополитички партнери од истокот.

„Клучно е дали земјите од регионот ќе се приклучат. Ако се приклучат Црна Гора, Босна и Херцеговина и ентитетот Косово, мислам дека работата е завршена и ќе заживее. Ако не се приклучат, тоа е делумно решение. Членките на ЕУ не можат да бидат интегрално поврзани, можат да имаат посебни аранжмани и да бидат дополнителни мостови со ЕУ, како што може такви аранжмани да се градат и со неевропските земји од Турција до Кина, се разбира, и пред се со Русија“ рече Анѓелковиќ.

Тој тврди дека балканските земји ќе постигнат подобри меѓудржавни односи преку економска интеграција.