Лидерот на косовската партијата Движење самоопределување (ВВ) – Албин Курти доби нов 4 – годишен мандат на чело на партијата која е на власт.
На вчерашните внатрешни избори, како единствен кандидат, Курти добил 98 отсто од гласовите, а против него гласале 0,89 отсто.
За претседателка на организацијата Жените за самоопределување е избрана актуелната министерка за правда, Албулена Хаџиу, која освоила 94 отсто од гласовите, додека за претседател на младинската партиска организација е избран Бехар Јашари.
Курти беше лидер на ВВ од основањето на субјектот во 2005 до 2015 година, кога се повлече и кога на внатрешните избори за нов лидер беше избран Висар Имери.
Во 2018 година Имери поднесе оставка, па на чело на партијата пак се врати Курти.