„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес. Тие беа против зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, преговарачката рамка. Секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против, но не гласаат против, туку ја напуштаат Собраниската сала, а потоа се затскриваат зад граѓаните со барање на одредени иницијативи, референдуми“ соопштуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму порачуваат „Од 17-те години чекање за почеток на преговори за членство во ЕУ, 11 години на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Тие деструктивни 11 години, ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, од една страна беше декларативно за зачленување во НАТО и ЕУ, а од друга страна правеше се тоа да не се случи“.
„И сега Мицкоски продолжува по стапките на Груевски, со опструкции и блокади да го запре процесот на евроинтеграциите. СДСМ нема да дозволи блокада, ги започнавме преговорите за членство, продолжуваме по европскиот пат. Македонската иднина е европска и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја загрозат“ велат од СДСМ.