Четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, од кои едно се здоби со повреди опасни по живот. Ова е епилогот од страшната несреќа што се случи синоќа на автопатот М-17 во местото Буна – Затон, јужно од Мостар.
Како што пишува „Аваз“, загинаа Б.К.(35), М.К.(34) и Р.К.(9) кои биле во автомобилот „рено сеник“ и М.П.(46) од автомобилот бмв Х5.
Жртвите во реното се членови на семејството, сопруг, сопруга и дете.
Со тешки телесни повреди се здобиле лица од два други автомобили, исто така бмв и мерцедес.
Околностите за оваа страшна несреќа се уште се утврдуваат. Наредени се сите неопходни мерки и дејствија.
Истрагата што ја спровеле припадниците на полициската управа Мостар, која ја водел дежурниот кантонален обвинител траела повеќе од 5 часа.