Познати личности донираат лични предмети за кампањата на СЗО во Украина

Британските музички ѕвезди Ед Ширан и Хари Стајлс, американската кошаркарска легенда Шекил О’Нил и други познати личности ќе донираат лични предмети во кампања за собирање пари за здравствените услуги на Светската здравствена организација (СЗО) во Украина.

Седум месеци од почетокот на војната во Украина, Фондацијата СЗО, независна организација која собира средства за поддршка на работата на здравствената агенција на ОН во решавањето на глобалните здравствени кризи, ја лансираше е-продавницата „Human Kind“, каде што обожавателите можат да се обидат да ги освојат предметите кои се донирани од нивните омилени познати личности, пренесуваат агенциите.

Собраните средства ќе бидат потрошени за активности на СЗО во Украина и соседните земји зафатена со војна, објави Фондацијата.

Тие имаат за цел да соберат 53,7 милиони долари.

Хари Стајлс донираше потпишан винил, додека Шекил О’Нил, украинскиот фудбалер Виталиј Миколенко и други спортски легенди донираа потпишани дресови.