Вучиќ: Гласот на Србија јасно се слушна минатата недела во ОН

Му кажавме на светот дека Србија е таа која го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на сите членки на ОН и дека истото го очекуваме и од нив кога е во прашање нашата земја, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Инстаграм.

Тој изјави дека гласот на Србија гласно и јасно се слушнал минатата недела во Обединетите нации бидејќи вистината секогаш така одекнува.

„Му кажавме на светот дека Србија е таа која го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на сите членки на оваа организација и дека истото го очекуваме и од нив кога е во прашање нашата земја“, рече Вучиќ.

Во овие предизвикувачки времиња, вели Вучиќ, Србија ќе биде сигурен партнер за сите, подготвена за соработка, компромиси и одобрување на меѓународното право, но нека знаат дека прво ќе се бориме за интересите на Србија и животот на српскиот народ.

И гордо ќе ги поздравувам сите, секогаш и секаде, со најубавиот српски поздрав: Да живее Србија“ – напиша претседателот.