Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Разбуди се Америка“ (Wake Up America) се осврна и на кибернападите врз неговата земја извршени од Иран.
– Имаме докази врз основа на доказите на тимот на Мајкрософт и специјализираните американски агенции дека зад нападот стои Иран, кој спонзорираше четири групи, од кои едната е на чело на терористичките кибернапади. Тоа не е обвинение, тоа е факт, изјави Рама.
Од друга страна, додал тој, ние сфативме дека е време да се прекинат сите врски со овој режим.
– Не можеме да дозволиме нивната Амбасада да продолжи да биде во центарот на нашиот главен град и да служи како оперативен центар за овие напади, посочи Рама во емисијата во која гостин беше и Ричард Гренел, поранешен специјален претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина.
Иранската група „Татковинска правда“, која ја презеде одговорноста, на 15 јули ги блокираше сите владини системи, кои беа вон функција три недели.
Вториот напад беше на 9 месецов врз ТИМС системот на граничните премини и системите на државната полиција од кои денеска хакерите почна да објавуваат информации ,кои се класифицирани како строга тајна. Тој следуваше откако два дена претходно албанската Влада одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран и го протера целиот персонал на амбасадата.