Заврши јавниот дел од краличиниот погреб, ковчегот спуштен во гробницата

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора е спуштен во кралската гробница во капелата Сент Џорџ во Виндзор.

Личниот гајдаџија на кралицата ја отсвире последната тажанка. Кралската државна круна, куглата и жезолот што беа минатата недела беа положени на ковчегот на кралицата се отстранети.

Членовите на кралското семејство, вклучувајќи го и кралот Чарлс III, ја напуштија капелата, но вечерва во 20:30 кралот и неговите роднини ќе се вратат во капелата за погребот на кралицата.

Таа ќе биде погребена до нејзиниот покоен сопруг, војводата од Единбург. Ковчегот на принцот Филип, кој почина минатата година, привремено е ставен во кралската крипта, но сега ќе биде преместен покрај кралицата.