Со учество на отворањето на Самитот за трансформација на образование премиерот Ковачевски започна со активностите на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално Собрание на Организацијата на ООН во Њујорк.

На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Северна Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми.

Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.

Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16:00 часот по локално време.

На Самитот за трансформација на образованието учествуваат над 90 лидери на шефови на држави и влади, кои ќе дебатираат за најдобрите начини на унапредување на образовните системи во земјите.