Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 16.09 до 18.09.2022) направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (173), регистрирани се 46 реинфекции.
Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (16.09 – 18.09.2022)пријавенисе 3 починати лица,по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата сепочинати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата бројот на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.