Илон Маск: И да спасиш 90% од животите, 10% што не си ги спасил – ќе те тужат!
Дури и ако спасите 90% од животите, 10% што не ги спасите ќе ве тужат“, изјави Илон Маск за проблеми со својата технологија за самоуправување на моделите на „Tesla“
Маск, кој неодамна беше прогласен за личност на годината за 2021 година од страна на магазинот „Тајм“, седна на разговор со главниот уредник за зголемената контрола над несреќите предизвикани од технологијата за самоуправување на компанијата.
„Има нешто што некој ми рече на почетокот кога баравме автономија: дури и ако спасиш 90% од животите, 10% што не ги спасуваш ќе те тужат. Мислам дека тоа е една од оние работи каде што нема да бидете нужно наградени за животите што ги спасувате, но дефинитивно ќе бидете обвинети за животите што не ги спасувате“, изјави Маск.
„Tesla“ продолжува да се соочува со правни проблеми во врска со својата технологија за автономно возење, која е поврзана со 12 несреќи од 2018 година. Некои возачи тужат поради фатални несреќи, додека други бараат правна постапка против компанијата за наводно погрешно прикажување и користење измами.