Во Велика Британија од сојот Омикрон починаа 12 лица

Како последица на новиот сој на коронавирусот – Омикрон, во Велика Британија починаа 12 лица, а 104 се хоспитализирани. Ова го изјави министерот за правда – Доминик Раб.

„Знаеме дека (омикрон) се шири многу брзо. Во моментов имаме 104 хоспитализации и 12 починати. Но, поради доцнење во однос на податоците, не знаеме колку сериозно ќе биде тоа“ – изјави Раб.

Тој информираше дека лицата кои примиле дополнителна доза вакцина имаат повеќе од 70% заштита.

Во Велика Британија речиси половина од лицата над 12 години примиле дополнителна или трета доза од вакцината против Ковид-19.

Сепак, вчера во земјата се регистрирани безмалку 83.000, а досега битката со Ковид 19 ја загубија 147.000 луѓе.