Силен земјотрес во Грција

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот го погодил Јонското Море помеѓу Закинтос и Кефалонија.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 36 километри југозападно од Ликсури. Земјотресот се случил денеска во 9 часот и 36 минути.

Според проценката на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил малку послаб и бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.