Делегации на Владата, на шефот на државата, на Собранието на Македонија, како и други делегации на институции и организации им одадоа почит на поранешните претседатели на Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски кои дадоа силен печат во развојот на Македонија како независна држава.
Владината делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзин состав, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за здравство Беким Сали, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу денеска положија цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Цвеќе положија и делегации на кабинетите на претседателот на Македонија, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор како и претставници на политичките партии.