Научниците од компанијата „Фајзер“ прогнозираат дека пандемијата со Ковид-19 нема да биде зад нас се до 2024 година.
Главниот директор на компанијата – Михаел Долстен вчера рекол дека очекувањата се оти некои региони во светот ќе продолжат да бележат пандемични нивоа на зараза со ковид-19 во наредните една или две години. Предвидувањата на компанијата се дека некои земји ќе станат региони во кои ќе има ендемични појави на вирусот, а болеста се очекува да стане ендемична низ целиот свет до 2024 година.
„Кога и како точно ќе се случи ова ќе зависи од еволуцијата на болеста, од тоа колку општеството ефикасно ќе ги користи вакцините и третманите против ковид, како и од нивната дистрибуција во регионите со ниска стапка на вакцината“ – вели Долстен.
Прогнозата од „Фајзер“ доаѓа еден месец по појавата на омикрон сојот.