„На линија на ММФ, и Владата во однос на економските движења за наредната година очекува вработеноста постепено да закрепнува, додека високиот раст на платите, зголемените дознаки и користењето дел од кумулираните заштеди да влијаат врз зголемувањето на расположливиот приход. Фокусот е насочен кон економскиот раст во државата и подобрување на животниот стандард“. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
„Меѓународниот монетарен фонд во последната изјава ги поздрави економските мерки и политики на Владата кои помогнаа да се задржи вработеноста и да се ублажи влијанието на пандемијата врз економијата“ – вели Заев.
Тој посочи дека Владата во консултација со сите релевантни чинители во државата донела мерки за граѓаните и стопанството со цел да се задржи ликвидноста и да се зачуваат работните места.