Шекеринска: Принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада

Радмила Шекеринска – министерката за одбрана изјави дека нема да биде дел од новата Влада. Таа пред 8 месеци се повлече од партиската функција заменик-претседател на СДСМ затоа што, како што кажа, не се согласувала со дел од политиките кои придонеле за пораз на локалните избори.

„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада“ рече Шекеринска.