Царина потврди – како изводи од лиценци на автобусот на „Беса транс“ најверојатно се приложувани фалс документи

Од Царинската управа денеска соопштија дека евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс“ кој утврдено е дека повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава. Информациите се дека најверојатно биле приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи.

Ова денеска го изјави директорката на Царинската управа – Славица Кутиров:

„Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат“ – рече таа.