Во Универзитетската клиничка болница Мостар синоќа починало 10-годишно девојче откако врз неа паднало дрво, пишува „Аваз“.
Според информациите, несреќата се случила во градот Тепчиќ Поље, а сува врба под засега неутврдени околности паднала врз девојчето. Иако веднаш било пренесено во болница, девојчето починало од повредите.
За смртта на девојчето потврдиле и од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон.