„Беше страшно, луѓето мораа да бидат свесни дека умираат“

Полскиот портал „Факт“ објави разговор со две жени, патнички на автобусот кој викендов излета од автопат во Хрватска, при што загинаа 12 полски државјани.

Тие се во загрепската болница и ја преживеаја страшната несреќа.

Беата Кричовиак изјавила дека автобусот го управувале искусни возачи и дека нема индиции дека може да се случи ваква трагедија.

„Бев шокиран што тоа се случи. Не се сеќавам на моментот на несреќата бидејќи спиев. Беа секунди. Не се онесвестив, но бев заглавена. Видов луѓе кои не можеа да се движат. Чекав да го отворат автобусот и да ме изнесат. Не знаев што се случува околу мене бидејќи бев заглавена меѓу седиштата. Ми се чинеше како да чекам со часови, а помош чекав околу 13 минути. Беше страшно, фкање, стенкање, луѓето сигурно беа свесни дека умираат. Некои беа згмечени. Страшно е да се видат луѓе без кожа на лицето. Шок. Невозможно е да се опише“ – рекла таа.

И Зофија Каспржик, е една од преживеаните. Таа потенцира дека еден ден ќе се врати во Меѓугорје, без разлика на страшната несреќа што ја преживеала.