Тројца свештеници и шест калуѓерки загинаа во автобуската несреќа во Хрватска

Медиумите во Полска денеска објавија дека меѓу 12-те загинати Полјаци во автобуската несреќа имало тројца свештеници и шест калуѓерки. Останатите биле аџии кои оделе во посета на светото место Меѓугорје.

Со кран беше извлечен полскиот автобус на автопатот А4 кој пропадна во каналот покрај патот. Истрагата е завршена, а сообраќајот на автопатот е нормализиран.

Предниот дел на автобусот е згмечен, возачите и патниците во предниот дел на возилото најмногу настрадале.

Ова е видео од автобусот на само 7 минути пред кобната несреќа:

„Полските служби, вклучително и инспекцијата за патен транспорт, работат на утврдување на причините за несреќата.

Автобусот со аџии тргнал од Варшава вчера наутро, а во Меѓугорје требало да пристигнат во раните попладневни часови.

Во тешката сообраќајна несреќа животот го загубија 12 лица, 19 се тешко повредени, а 13 полесно.