Пред неколку дена беше убиена 17 годишна тинејџерка во Грција, од страна на своето момче, 21-годишен Пакистанец, кој веднаш потоа побегнал.
Уапсен е 21-годишникот кој наводно ја убил Николета во Перистери, во понеделникот вечерта, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за јавен ред Такис Теодорикакос.
Според информациите на newsit.gr, Пакистанецот ја напуштил Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од централна Европа.
Украдениот телефон убиената девојка како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Македонија, довеле до апсењето, јавуваат грчките медиуми.
Вчера попладне во земјава е идентификувана група илегални имигранти, во која е констатирано дека е присутен и наводниот извршител на грозоморното убиство, по потекло од Пакистан. Во информациите се наведува дека со себе го имал и мобилниот на девојката, кој бил без сим-картичка.
„Според последните информации, властите му влегле во трага на 21-годишниот кој побегнал од Грција преку сопствениот мобилен телефон, но и на жртвата. Поточно, сигналот од неговиот мобилен телефон покажал дека се движел кон Северна Грција, додека грчката полиција имала информација дека младиот човек ќе се обиде да ја напушти државата и затоа е распишана меѓународна потерница. Кога преминал во Северна Македонија, тој го отворил смартфонот на жртвата кој немал сим-картичка. Сепак, властите успеале да го лоцираат сигналот преку конкретни мобилни апликации кои имале пристап до локацијата на уредот“ – објавија грчките медиуми.
Според форензичкиот извештај смртта кај девојката настанала со задушување, а пред тоа имала тепачка со сторителот која завршила кобно за девојката бидејќи насилникот со раце и ги покрил устата и носот и ја задушил.