Во соседна Грција досега над 1 милион луѓе заразени со Ковид-19
Соседна Грција надмина 1 милион регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.
Подетално – потврдени се 1.002.877 заразени во изминатите 22 месеци, по првиот регистриран случај кон крајот на февруари 2020 година.
Од почетокот на пандемијата, во Грција починале 19.248 лица, а направени биле над 40 милиони тестови.
Досега. во Грција, потврдени се и 3 случаи на новата варијанта – Омикрон.