Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри

Македонскиот министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата која ја извршува.

„Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции“ рече Спасовски.

Вчера Димитар Ковачевски стана нов лидер на СДСМ, а довчерашниот прв човек на владејачката партија – Зоран Заев најави дека новиот претседател на партијата треба да е новиот премиер во Владата.