Арсовска со предлог – за 10 денари намалени цени за паркирање во Скопје

Скопската градоначалничка Данела Арсовска предлага за 10 денари да се намалат цените за паркирање на јавните површини со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. Ова се очекува до крајот на неделава да помине на седница и одлуката да биде прифатена на верификација пред советниците на Град Скопје.

Предлогот е во катните гаражи наместо 30 денари паркингот да биде намален на 20 денари за час, а на зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари, наместо 30.