Познатата „ЈУ-група“ слави 50 години на сцената

Најдолговечниот рок-ен-рол состав на територијата на поранешна Југославија – „ЈУ-групата“, на 10 септември со концерт на белградски „Ташмајдан“ ќе прослави 50 години работа, соопштија денеска.

„На овој, во секоја смисла – одличен бенд, на сцената ќе му се придружат голем број музичари, колеги од цела Југославија, и сите ќе се претстават за време на возбудливата и динамична кампања за концертот, којашто ќе трае цело лето, со грст изненадувања“, се наведува во соопштението на организаторот.

„ЈУ-група“ е создадена раните 70-ти и беше прв бенд во Југославија која почна да комбинира рок-музика со елементи на традиционалната музика од Балканот. Составот е основан од браќата Жика и Драги Јелиќ, а со нив, последниве 30 години свири и помладиот Петар Јелиќ.

За половина век постоење, „ЈУ-групата“ објави 13 албуми со 134 песни.

За роденден го избраа 29 ноември – тогашниот Ден на Републиката.