Оваа недела треба да се одржи нов состанок меѓу Украина и Русија за извоз на жито.
На средбата, која ја најави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, треба да има и претставници на Турција и ОН.
Минатата недела беше соопштено дека е постигнат напредок и оти конечниот договор може да биде постигне оваа недела.
Претседателот на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган утре во Техеран ќе разговараат за извозот на украинското жито, соопшти денеска Кремљ.
Се очекува Русија, Украина, Турција и Обединети нации во текот на неделата да потпишат договор за продолжување на извозот на украинско жито преку Црно Море.
Украинските пристаништа на Црното Море, до неодамна беа главни извозни точки за земјоделски производи, но по руската инвазија пристаништата се блокирани.
Путин, Ердоган и иранскиот претседател Ебрахим Раиси утре во Техеран ќе разговараат и за Сирија, каде трите земји се воено ангажирани.