„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија вчера потпишаа билатерален специјален протокол, со кој, според нашите источни соседи, се гарантира бугарската национална позиција.
„Европа оди напред!“, заклучува Вархјеи во својот пост.